Школа за Скијање
Во склоп на Мотел Ресторан Мице во зимскиот период работи и школа за скијање. Школата ја водат стручни инструктори-педагози со долгогодишно искуство. Главната инструкторка Ратка практично порасна на ски стазата, планинта и ски стазата и се втор дом. Тука е и нашиот ветеран Мице, вицешампион во скијање и планинар со искуство, ако некој ја познава планината и ски стазите тоа e нашиот Мице.
Програмата за активностите на снег и обуката е адаптирана според возраста и според скијачкото искуство. Поделена е во три категории: почетници, средно искусни и напредни. Секој од инструкторите е одговорен за група од максимално 7 деца – (за почетниците групите се секогаш помали) и најчесто поминуваме 4 до 5 часа на снег.
Локациран во шума од бор и ела Мотел Мице се наоѓа на само дваесетина метри од ски лифтот, што е идеално за нашите СКИ ученици. Мотелот располага со 20 легла во двокреветни и трокреветни соби, ресторанска сала со 120 места. Специјалитетите на скара, стари национални јадења под вршник и на ражен на нашите ученици ќе им овозможи да ги наполнат батериите за следниот скијачки час.
Во зима Пониква ја распостила својата мистичана и романтична убавина по падините на Осоговските планини
Неверојатни природни убавини кои нудат возбудливо доживување за сите генерации
Недопрена исконска убавина
Скијачки терен за секого
Волшебната моќ на скијањето
Самотните прошетки по планините се прекрасно искуство, но скијањето е специјалитет кој најдобро се служи во друштво, тоа е факт кој е многу добро познат во безбројните ски клубови, религиски групи, училишни програми и натпреварувачки тимови низ целиот континент. Скијањето ја има таа волшебна моќ да создаде длабоки врски за кратко време, создавајќи врзивно ткиво меѓу луѓето кои во други услови не би се виделе со години (или кои никогаш не комуницирале). Ако имате таква среќа често да скијате, ќе создадете трајни пријателства. Како што ги имаме и ние.