Мотел Мице

Мотел – ресторанот „Мице“ се наоѓа во срцето на Осоговските планини, на 1505 м надморска височина, во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. На околу дваесеттина километри северно од Кочани, во срцето на туристичкиот центар „Пониква“, повеќе од десеттина години мотелот нуди сместување на своите гости, најчесто редовна, долгогодишна клиентела.
Веднаш штом ќе пристигнете ќе бидете пречекани од нашиот персонал, чија што единствена грижа е да го направат Вашиот престој едно незаборавно доживување.

Почетна
Почетна
Почетна

Вашето совршено место за одмор

Живописна Убавина

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за релаксирачки одмор.

Удобно Сместување

Апартмани и соби со врвен комфорт и пријатна атмосфера. Топла вода и струја се достапни во секое време.

Врвни Деликатеси

Секој наш гост во ресторанот се третира како многу важен клиент и има можност да се наслади на богатите и вкусни јадења.

Автентична Природна Убавина

Покрај сите удобности кои овде ќе ги најдете, конфорно сместување, разни специјалитети, ски патека на само дваесетина метри, стабилен сигнал за мобилните телефони… можете да допрете и до автентичната природа на планината, нејзината вековна шума, да го почувствувате величествениот спокој и да заборавите на сите грижи.

Осоговските Планини се еден од пределите на нашите простори што може да се пофалат со епитетот вистински еколошки и чист крај. Чистиот воздух, и во лето и во зима дејствува како еликсир за белите дробови. Доколку сакате да појдете на еден релаксирачки одмор и да впиете позитивна енергија, топло ви препорачуваме да не посетите.

Почетна
Почетна
Почетна
© 2016 Мотел Мице. Сите права се задржани. Developed by techko.net